Поврзете се со нас

Свет

Лео-манија во Хонг-Конг: 40 илјади навивачи го гледаа тренингот на Меси (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

По завршената турнеја во Саудиска Арабија, Интер Мајами се премести во Кина и утре треба да одигра тест меч против Хонг Конг, но најавата на овој дуел донесе неверојатни сцени во азиската земја.

Лионел Меси стратосферски влијаеше врз растот на МЛС лигата и донесе историски бројки на натпреварите кои ги игра Интер Мајами, меѓутоа Аргентинецот има неверојатен ефект на сите страни ширум светот.

Иако веќе не претставува елитен европски клуб како Барселона, или ПСЖ, Меси и натаму го ужива статусот на најголема фудбалска ѕвезда, за што сведочат и сцените од Хонг Конг.

На денешниот тренинг на Интер Мајами, 40 илјади фудбалски фанови од Кина го проследиле тренингот, а посебна еуфорија предизвика првиот допир со топката кој го имал Меси.

Видеото брзо стана вирален хит, а истото открива само какво влијание има Меси врз цела светска популација со самото појавување на фудаблскиот терен.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни