Поврзете се со нас

Франција

„Лекип“: Мега-договорот на Мбапе крие „финта“ која оди во прилог на напаѓачот

Објавено

на

Килијан Мбапе на 21-ви мај оваа година стави крај на сите дилеми и ја завтори трансфер сагата која траеше повеќе од една година, но наместо да се пресели во Реал Мадрид, потпиша нов договор со ПСЖ.

Ова ја изненади комплетната светска јавност, освен водечките луѓе на ПСЖ, кои до последно веруваа дека на крајот ќе ја убедат младата ѕвезда да остане во Париз, сето тоа потпомогнато и од државниот врв, вклучувајќи го и претседателот Макрон кој со директна порака го премислуваше напаѓачот за трансфер во Реал.

Сето опкружување блиско до него на крајот направи да стави потпис на мега-договор според кој ќе заработува 80 милиони евра по сезона, но „Лекип“ сега открива дека истиот не е комплетно точен како што објави ПСЖ и во себе крие една „финта“.

Една точка во договорот оди во голема полза на фудбалерот, кој всушност е обврзан да остане во ПСЖ во наредните две сезони, односно до 2024-та година, а последната година од договорот е опционална и може да се активира само во еден случај.

„Лекип“ тврди дека Мбапе се изборил да има 100-проценти загарантирана заштита во 2024-та година, па така последната година од договорот ќе се активира само ако тој мисли дека е потребно такво нешто, во спротивно ќе си оди и ќе направи трансфер кој ова лето сепак не го реализираше.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни