Поврзете се со нас

Франција

„Лекип“: Мбапе не е задоволен од потезите на Луис Енрике

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе порано од очекуваното ги заврши последните натпревари на ПСЖ, а на петочното дерби со Монако беше заменет уште на полувремето.

Иако е јасно дека тренерот Луис Енрике го подготвува тимот за ерата по Мбапе, односно следната сезона во која Килијан веројатно ќе биде член на друг тим, на најдобриот фудбалер на ПСЖ не му се допаѓаат потезите на тренерот.

„Лекип“ пренесува дека раните замени го иритираат Мбапе, затоа што тој никогаш не бил повлекуван од игра без за тоа да има посебна причина.

Сепак, Мбапе не сака да предизвикува контроверзи и затоа ќе се обиде да разговара со тренерот и да пронајде заеднички јазик за поинакво менаџирање на минутажата до крајот на сезоната.

„Лекип“ ја дополнува веста и со ставот на претседателот Насер Ал Келаифи, кој бил на стадионот „Луј Втори“ и во живо видел што се случувало на дуелот со Монако. Ал Келаифи не планира да се инволвира во овој „спор“ и има максимална доверба во она што го прави Луис Енрике, – тврди медиумот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни