Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс на победа до следната фаза, неочекуван херој во пресвртот против Голден Стејт (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Lakers

Л.А Лејкерс и Мајами Хит стигнаа до предност од 3:1 во полуфиналните конференциски серии во НБА плејофот и стигнаа на победа до пласман во следната рунда.

Лејкерс го добија дербито на западот со шампионот Голден Стејт (104:101), со што ЛеБрон Џејмс и неговите соиграчи се многу блиску до посакуваниот пласман во конференциското финале.

Гостите долго имаа предност, на моменти и двоцифрена, но потклекнаа во финишот во кој домашниот тим го презеде водството и на крајот и победи. Домашниот тим имаше неочекуван херој, односно Лони Вокер, кој постигна 15 поени, вклучувајќи ги и клучните во завршницата на мечот.

Џејмс со 23 и Дејвис со 21 поен биле најефикасни кај Лејкерс, додека Кари реализирал 31 поен во редовите на Вориорс.

За разлика од ривалите од Ел-Еј, кошаркарите на Мајами не дозволија драма во последниот период и рутински го финишираа дуелот со Њујорк, на кој победија со 109:101 за 3:1 во серијата на истокот.

Батлер со 27 и Адебајо со 23 поени се истакнале поентерски во победничкиот тим, а Брансон со 32 поени бил најдобар поединец кај Њујорк, кој е блиску до елиминација од плејофот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни