Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Легендите на Манчестер Јунајтед едногласни: Вистинска лекција како се победува

Објавено

на

Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачи откако вечерва не успеа да слави против Атлетико Мадрид и со тоа го заврши натпреварувањето во Лигата на шампионите.

Шпанскиот состав стигна до минимална, но доволна победа од 1:0 и сосема заслужено се пласираше во четвртфиналето од најелитното европско натпреварување.

Легендите на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс и Рио Фердинанд останаа импресионирани од тактичката поставеност на Диего Симеоне и играта во дефанзива на неговите избраници.

– Атлетико беше дефназивно феноменален. Сакам да ја гледам пасијата која доаѓа од Симеоне. Ова беше една вистинска лекција за тоа како се доаѓа на гостински терен и се победува на фудбалски натпревар. Манчестер Јунајтед се обиде, но немаа доволно квалитет и не можеа да ги скротат. Савиќ и Хименез беа како ѕид, -изјави Пол Сколс.

Пофалби за гостинскиот тим и нивниот тренер имаше и од Рио Фердинанд.

– Честитки за Атлетико. Многумина влеат дека тие не се вистинскиот тим последните години, но нивниот менаџер знае како да извади тим за да заврши одредена задача. Беа доста паметни во малите детали. Нависитна добар тимски настап, сите во тимот беа мотивирани, -заклучи Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни