Поврзете се со нас

НБА

Леброн со избрани зборови за Србинот: „Кралот Џејмс“ го издвои најголемиот квалитет на Јокиќ и го нарече гениј

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Леброн Џејмс гостуваше во поткастот на Џеј-Џеј Редик и даде навистина интересни одговори на низа прашања поврзани за најсилната кошаркарска лига во светот, но посебно се издвојува еден дел во кој говори за кошаркарската интелигенција.

Според Леброн, секоја година ги гледаме најдобрите четири тимови во лигата во финалињата на Западната и Источната конференција, а тој вели дека најдобрите тимови се разликуваа од останатите поради нивото на интелигенција.

„Кралот Џејмс“ смета дека Денвер немал да стане шампионски тим ако во своите редови го немал Никола Јокиќ, кој тој го нарече еден од најинтелигентните кошаркари кои некогаш заиграле во НБА лигата, но исто така верува дека кошаркарската интелигенција му помогнала на Голден Стејт да стигне до титулата пред две години во финалето со Бостон.

– Во финалињата ги гледаме најдобрите четири екипи кои ги имаат најдобрите играчи и најдобрите тренери. Тие се разликуваат од останатите по кошаркарската интелигенција, бидејќи има моменти на теренот за кои не може да ве подготви тренерот, видео анализата, или историјата на оваа игра. Мора да имате кошаркарска интелигенција за да се прилагодите во дадена ситуација.

– Ако го немате тоа, тим како Денвер немаше да биде шампион, тим како Голден Стејт и дел од тимовите од кои јас бев дел немаше да бидат шампиони. Денвер во Јокиќ има еден од најголемите генијалци во историјата на кошарката, Голден Стејт ги има Дрејмонд и Кари. Кога Голден Стејт го победи Бостон во финалето пред две години, се се сведе на интелигенцијата, бидејќи според мене, Бостон имаше многу повеќе талент. Луѓето велат дека тоа било поради искуство, но интелигенцијата е клучна, – потенцира Леброн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни