Европски првенства
Лазаров: Ако во нешто сме први на ова Европско првенство…

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов
Кирил Лазаров и неговиот стручен штаб и прави последните подготовки за последниот меч во групната фаза на Европското првенство, оној против Швајцарија кој го играме денеска во 18:00 часот.
По двата убедливи порази од фаворизираните Франција и Германија, нашите ракометари сигурно ќе сакаат да се докажат во дуелот со Швајцарците, кои пак на последниот меч кој го одиграа во Берлин покажаа дека не се нималку наивен противник.
Селекторот Лазаров смета дека Швајцарија влегува како фаворит во пресметката со Македонија, но истовремено верува во победа и се надева дека нашиот тим конечно ќе го реши проблемот и ќе почне да наоѓа решенија за поставеност „шест на шест“.
– Не чека тешка работа, но ако некаде имаме било какви шанси за победа, тоа е Швајцарија. Од друга страна, свесни сме за нивните квалитети, видовме како одиграа против Франција и затоа им ја предаваме фаворитсата улога. Ние ќе дадеме се од себе, треба да бидеме концентрирани и фокусирани за да оствариме посакуван резултат.
– Се согласувам со вас новинарите, треба да поправиме доста работи во нашата игра. Ако во нешто сме први на ова Европско првенство, тоа се техничките грешки. Ќе гледаме да ги намалиме што е можно повеќе против Швајцарија. Во ракометот некогаш самите правите технички грешки, но понекогаш противникот со својата одбрана во наведува да го правите тоа. Се надевам дека нема да биде така против Швајцарија, особено ќе биде важно да бидеме добри на поставена одбрана и играта „шест на шест“. Ако успееме да го поправиме тоа, ќе имаме добри шанси за позитивен резултат, – изјави Лазаров.
-
Лига на нации11 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
Балкан23 часа
Арнаутовиќ ги „запали“ српските навивачи со изјавата која ја даде по поразот на „Маракана“ (Видео)
-
АТП10 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации23 часа
Арда го замолкуваше Собослаи, па ја потврди доминацијата на Турција (Видео)
-
АТП21 час
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации12 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации12 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации23 часа
Донарума делеше совети за своите соиграчи, Кимих и Мусиала го повторија „корнерот од Енфилд“ (Видео)