Поврзете се со нас

Македонија

Лазаров: Новите генерации можат да научат од овој настан, треба да ги надминат колегите

Објавено

на

Ракометот веќе некое време е спорт број еден во Македонија, а тоа се потврди уште еднаш вечерва каде бевме сведоци на спектакл во кој актуелните репрезентативци се соочија со ветераните, асовите кои долго време го носеа националниот тим.

Поуспешни беа помладите кои славеа со 25-21, настан кој според селекторот Кирил Лазаров треба да биде мотивација, поттик за неговите момци да продолжат да носат успеси, односно во најмала рака да ги повторат оние кои тој, Ристовски, Стоилов, Наумче, Димовски и компанија ги донесоа во изминативе 15-20 години

– Ова е одличен настан, одлично школо, новите генерации можат да научат од овој настан. Видоа на лице место која заслужена почит ја добија ветераните затоа што изминативе 15 години жареа и палеа на терените. Не доволија Македонија и македонскиот ракомет никогаш да падне, имавме континуитет, не беше лесно.

– Ова ќе им биде школо во најмала рака да го задржат истиот континуитет, ама и да имат амбиција да ги надминат колегите. Ова е наша амбиција, заедничка цел на мене како селектор, федерацијата, навивачите, медиумите, да го издигнеме нашиот ракомет на повисоко ниво во иднина.

– Да се соберат толку луѓе на 3 јануари, ретко кој може да го наполни Борис Трајковски без никаков притисок, да дојдат луѓето од срце, да им оддадат почит, сите добија заслуги и се задоволни. Сега сите заедно, сплотени со позитивна енергија да ја водиме Македонија и македонскиот спорт, – истакна Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни