Поврзете се со нас

Европски купови

Лазаров не успеа да донесе победа за Нант

Објавено

на

Составот на француски Нант не успеа да издвојува победа на Лемго во дуелот од осмото коло во ЕХФ Европската лига.

Гостите го добија првиот дел со 20-17, имаа контрола на резултатот и водството во најголемиот дел на второто полувреме, но на крајот мораа да се задоволат со реми од 37-37 со тоа што мора да се каже дека нашиот репрезентативец Кирил Лазаров го промаши последниот шут со кој можеше да донесе славје на Нант.

Лазаров не се запиша во листата на стрелци и имаше два неуспешни обиди на средбата, Елисонсо 15 и Ривера со 11 беа најефикасни играчи во двата табори.

Нант со 11 бода е на 3 место во групата Б во Европската лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни