Поврзете се со нас

Свет

Лазаров и Нант со победа го потврдија второто место во Франција

Објавено

на

Екипата на Нант со победа над Нанси од 32-24 официјално го потврди второто место за оваа сезона во најсилниот француски ракометен шампионат.

Нант имаше проблеми со аутсајдерот во првиот дел кој заврши со нерешен резултат 16-16, но во продолжението работите си дојдоа на свое место, гостите продолжија да бидат ефикасни во нападот, ама во исто време ја стегнаа одбраната и со 16-8 дојдоа до 23 триумф во 29 коло во првенството.

Нашиот Кире Лазаров не се запиша во истата на стрелци на овој меч (немаше ниту еден обид), имаше една асистенција и две загубени топки. Бриет и Балагер со по 5 голови беа најефикасни играчи кај победникот кој во завршната рунда ќе го пречека тимот на Тулуз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни