Европски првенства
Лауге по поразот во финалето: Ги гледаме како Французите се радуваат пред нас и се полниме со мотивација за тоа што следи
Данска не ги искористи своите шанси во регуларниот дел од мечот со Франција и на крајот доби казна во дополнителните 10 минути игра, период кој целосно им припадна на Французите кои стигнаа до својата четврта европска титула.
Скандинавците беа подобри во најголем дел од мечот и го диктираа темпото во вториот дел, па се чини дека најголемата шанса ја пропуштија на почетокот на последната минута кога напаѓаа за плус два.
Данците не постигнаа гол, а Фабрегас погоди за израмнување и мечот отиде во продолженија во кои „триколорите“ славеа со 6:4 за конечни 33:31.
– Навистина сме многу разочарани после пораз во вакво финале. Сепак, нема сомнеж дека загубивме од добар тим, најверојатно најдобриот тим во светот. Беше навистина блиску, но на крајот не го издржавме притисокот. Промашивме неколку клучни напади и ни недостасуваше и малку среќа. Наште голмани имаа повеќе одбрани и тоа покажува дека потфрливме во нападот.
– Шанса за одмазда на Олимписките игри во Париз? Дефинитивно! Тоа ќе биде нашата следна цел, веќе размислуваме на тоа. Ги гледаме како Французите слават пред нас, а мотивацијата само ни расте за Олимписките игри во Париз, – изјави Расмус Лауге по финалето.
-
НБА23 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија13 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија21 час
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија22 часа
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
АТП12 часа
Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината, па и самиот го сподели на социјалните мрежи (Видео)
-
НБА11 часа
Јокиќ нанижа уште еден трипл-дабл, ЛеБрон ја доби шутерската пресметка со Кари
-
НБА8 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим