Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта: Добив порака од Меси по победата на изборите

Објавено

на

Жоан Лапорта вчера непосредно пред полноќ беше по вторпат избран за нов предводник на Барселона, откако победи на најважните претседателски избори во историјата на клубот од „Камп Ноу“.

Легендарниот Лапорта издоминира во изборот на сосиосите и со огромна предност победи пред Виктор Фонт и Тони Фреиша, добивајќи ја довербата од најблиските луѓе во клубот кои веруваат дека најуспешниот претседател во историјата ќе може да ја врати каталонската гордост на вистинскиот пат.

Лионел Меси како капитен на првиот тим за првпат беше дел од едни избори и го искористи својот глас, а откако Лапорта најави дека ќе направи се за да го задржи, денеска откри дека добил и порака од страна на Аргентинецот за победата на изборите.

– Уште еднаш ќе порачам, беше навистина убаво да се види тоа што Меси излезе да гласа. Тоа е доказ дека ја сака Барселона. Не знам зошто, но убеден сум дека сака да остане.

– Ќе ви откријам дека тој веќе ми честиташе за победата на изборите, но за мене тоа е нормално. Не победив само јас, вчера победи и тој на изборите, набрзо ќе имаме мирен разговор за неговата иднина. Покрај Меси, од играчите ми честитаа Пике и Жорди Алба, – открива Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни