Поврзете се со нас

Англија

Лампард со предупредување до еден свој играч: Мора во секој момент да ми покаже и докаже што може

Објавено

на

Тренерот на Челси, Френк Лампард на натпреварот против Барнсли во рамките на Карабао Купот ќе започне со изменет состав во однос на оној со кој играше во Премиер лигата против Ливерпул.

Шанса за настап на овој натпревар ќе добие новот засилување, Тијаго Силва, а Лампард потврди дека од првата минута на теренот ќе се најде и Калум Хадсон- Одои.

Младиот фудбалер откако го продолжи договорот со Челси не добива голема минутажа од Лампард кој донесе неколку фудбалери на неговата позиција, па се очекува и оваа сезона тој да има лимитиран просотр за докажување кај неговиот стратег.

Токму тоа го потенцираше Лампард кој изјави дека Хадсон- Одои мора да ја искористи секоја минута и во секој момент да му покаже дека може да се смета на него за во иднина.

– Знаеме дека ни треба конкуренција на крилните позиции и дека ни требаат играчи кои ќе бидат резерви на играчите кои ќе играат прва постава. Играчите мора да се натпреваруваат за да си го обезбедат местото во тимот.

– На таа позиција игра и Калум и затоа постојано велам дека треба да продолжу да тренира, треба на тренинзите да покаже дека може да добие прилика на натпреварите, а таа прилика ќе ја добие на натпреварот против Барнсли.

– Калум е еден од крилните играчи кои се фит и кои може да настапат. Тој треба да ми покаже во секоја минута, со и без топка, што може да направи за тимот. Мора да го зграпчи моментот затоа што сега е негово време да се докаже, -изјави Лампард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни