Поврзете се со нас

Италија

Лацио на ѕвездено небо: Тимот на Сари направи нешто што го нема направено никој во Серија А (Видео)

Објавено

на

Фиорентина беше блиску до отворање на мечот против Лацио во петтата минута, но откако Лука Јовиќ не реализираше зицер, сите работи се свртеа наопаку и Лацио покажа страшна ефикасност во продолжение.

Тимот на Маурицио Сари игра како на ѕвездено небо во последно време и стрелците се нависитна расположени, па вчеравечер беше испишана и фудбалска историја во италијанската елита.

Лацио стана првиот тим во историјата на Серија А кој на три натпревари во низа остварил победа од 4:0, бидејќи по Кремонезе и Специја, жртва на „лацијалите“ беше и Фиорентина.

Големото дерби се претвори во едносмерен натпревар во кој Весино, Закањи, Алберто и Имобиле постигнаа голови, а триумфот од 4:0 му носи специјален историски податок на Маурицио Сари.

Вкупно гледано, за Лацио ова беше четврта победа во низа во Серија А, па така тимот од Рим се искачи на третото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни