Поврзете се со нас

Македонија

Кузмановски: Ова беше незаборавен ракометен спектакл, нашите идоли не изненадија со нивната подготвеност (ФОТО)

Објавено

на

Ракометниот спектакл во режија на РФМ (Ракометната федерација на Македонија) заврши со победа на актуелниот репрезентативци кои беа подобри од ветераните, великаните на нашиот спорт.

Во еден супер интересен меч исполнет со атракции, убава игра, моменти за паметење сегашната Македонија беше подобра од постарите колеги со 25-21. Резултатот секако беше во втор план, па она што се случи во СЦ „Борис Трајковски“ засекогаш ќе се памети и најдобар доказ за тоа е пораката од Филип Кузмановски.

-Ми беше чест и задоволство што бев дел од овој незаборавен ракометен спектакл. Голема благодарност до РФМ за организацијата и до поранешните наши идоли кои го прифатија предизвикот да играат против нас и позитивно нè изненадија со нивната подготвеност, -напиша бекот на бундеслигашот Хановер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни