Шпанија
Куртоа критички настроен: Ова не е добра слика за Ла Лига
Тибо Куртоа беше на висина на задачата кога му требаше на својот тим и не дозволи Реал да прими гол на гостувањето кај „Валјекас“, кое нема да се памети по многу убава и течна игра и поради лошите услови на теренот.
Голот на Карим Бензема на седум минути пред крајот му донесоа нова победа на „кралскиот клуб“, но Тибо Куртоа по мечот говореше за лошата слика која ја остава Ла Лига со терени како оној на Рајо Валјекано.
– Ова беше комплициран натпревар, теренот не беше добар и не беше на потребното ниво. Најдобро е да се игра на нормален терен отколку на вакво нешто.
– Ова не е добро за Ла Лига, ако сакаме да оставиме добра слика, мислам дека ова не е вистинскиот терен. Знам дека не е лесно да се одржува теренот на високо ниво, но ова не е добро за никој, – изјави Куртоа кој имаше неколку врвни интервенции пред Бензема да погоди за 0:1.
– Имав мирно прво полувреме, но во второто ги искористив своите два метри за да бранам што можев да бранам. Беше уште подобро чувството кога постигнавме гол за победа, не можеше подобро од тоа, – додаде Белгиецот.
-
Лига на шампионипред 15 часа
Румениге: Го пониживме Реал со 9:1, но сега тие станаa нашата „бела мачка“!
-
Англијапред 21 час
Гвардиола има одлучено кој клуб ќе го води наредната сезона
-
Германијапред 20 часа
Милер: Само една работа ќе одлучува за наша победа на „Бернабеу“
-
Лига на шампионипред 6 часа
ПСЖ залудно доминираше, Дортмунд е прв финалист во ЛШ (ВИДЕО)
-
Евролигапред 6 часа
Макаби падна во Атина, Панатинаикос дојде до Ф4 билет по пауза од 12 години (ВИДЕО)
-
НБАпред 20 часа
Бесниот Мелоун влета на теренот и тргна да се пресметува со судијата, Јокиќ и соиграчите добија кошаркарска лекција од Минесота (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Фудбалска бравура од Шпанија: Дали ова е најдобро изведениот пенал во историјата? (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Карагер му пресуди на најтрофејниот играч во Јунајтед: Време е да оди во МЛС или Саудиска Арабија!