Свет
Крај на приказната: Заврши љубовта меѓу Ванда Нара и Икарди

Мауро Икарди пред некое време пронајде нов клупски ангажман и се пресели во редовите на Галатасарај, но откако го затвори тоа прашање по се изгледа му се отвара ново и тоа на приватен план.
Имено неговата сопруга и воедно агент, Ванда Нара објави дека се разведува од него. Тие долго време се заедно, имаат три деца, но нивната врска постојано беше бурна и исполнета со контраверзи уште од моментот кога таа реши да се раздели со претходната љубов Макси Лопез и се фрли во прегратките на неговиот добар пријател.
-Многу ми е болно да живеам во моментов, но со оглед на мојата изложеност, работите кои доаѓаат, медиумските шпекулации, подобро е да дознаете од мене. Немам веќе што да разјаснувам и нема да откривам детали од оваа разделба. Ве молам за разбирање не само заради мене туку и заради нашите деца, -порача Ванда.
Останува да се види како ова ќе влијае врз новиот напаѓач на Галатасарај од кого се очекува да испорача многу голови во тимот од Истанбул во актуелнава кампања.
-
Англијапред 20 часа
Јунајтед знае што ќе прави со Гринвуд до крајот на сезоната
-
Балканпред 20 часа
Тренерот на Партизан пријави за исчезнат познат првотимец, клубот режираше голем циркус во Србија
-
Светпред 18 часа
Шокантно видео од Белгија: Поранешен играч на Лацио полетал во воздух со автомобил и пробил ѕид од спортска сала!
-
Шпанијапред 22 часа
Куман: Лапорта ме излажа дека Меси ќе потпише нов договор со Барселона
-
Шпанијапред 21 час
Барселона ќе одмори од „Камп Ноу“: Каталонците ја известија Ла Лига дека наредната сезона ќе играат на друг стадион
-
Англијапред 19 часа
Руни откри дека има свој фаворит во шампионската трка меѓу Арсенал и Сити
-
Балканпред 17 часа
Мијатовиќ за својот сакан соиграч: Повеќе спиев со него, отколку со мојата сопруга
-
Балканпред 15 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска