Поврзете се со нас

Конференциска лига

Крај на евро-надежите: „Лавовите“ не ги користеа шансите и претрпеа тежок пораз во Летонија

Објавено

на

Македонија Ѓорче Петров има за што да жали на гостувањето во Летонија, бидејќи по пропуштените шанси на стартот на натпреварот против РФС Рига, на крајот претрпе и тежок пораз кој дефинитивно не ја рефлектира ситуацијата на теренот.

Тренерот Симов излезе со офанзивен тим и во нападот беа Алексовски, Попзлатанов и Фазли, а овој последниов имаше три огромни шанси за водство од 0:1 во воведните 15 минути.

„Лавовите“ не ги искористија своите убави прилики за да го анулираат голот кој го примија во Скопје, но за да биде уште полошо, пред крајот на првиот дел примија гол.

РФС почна да се враќа во ритам по бавниот старт и изврши притисок во самата завршница, а тоа резлутираше со гол во мрежата на македонскиот претставник. Седрик Куадио погоди за 1:0 во најлошо можно време, но сепак нашиот тим не се откажа.

Ѓорчевци успеаја да израмнат на стартот на вториот дел преку Стојковски кој беше проигран од Попзлатанов, но стрелецот на голот најверојатно ја пропушти и најголемата прилика за „лавовите“ на овој двомеч.

Набрзо по голот за 1:1, Стојковски биеше близу крај голот и не погоди за 1:2, а новиот гол во мрежата на Македонија на крајот се покажа како клучен за поразот и елиминацијата во првото квалификациско коло во Конференциската лига. Куадио ги казни „лавовите“ и погоди за 2:1, а до крајот на мечот во листата на стрелците се запишаа и Паниќ и Зеленковс за 4:1, односно вкупни 5:1 од двомечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни