Поврзете се со нас

АБА лига

Костоски со клучна тројка донесе драматична победа за Пелистер во АБА2 лигата (Видео)

Објавено

на

Пелистер на драматичен начин стигна до петта победа во АБА 2 лигата, откако ова попладне го отвори турнирот во Широки Бријег со неизвесен натпревар кој беше зачинет со завршена драма.

Македонскиот претставник најде решение за Борац од Бања Лука и имаше повеќе нерви во лудата завршница, во која клучна тројка постигна Костоски за победа од 73:72.

Пелистер одигра пожртвувано и се врати од двоцифрена негатива која ја имаше и на стартот на последнат четвртина, а покрај Костоски, одлучувачки беше и Планиниќ кој всушност го врати македонскиот тим во игра.

Токму Планиниќ со 21 поен беше најефикасен во таборот на победничкиот тим, но доказ за спектакуларната партија е и фактот што имаше дури 15 скокови зад своето име.

Завршниот херој Костоски зад своето име запиша 14 поени, а еден помалку постигна Најт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни