Поврзете се со нас

Свет

Костески на ниво, Плзен на чекор од полуфинале во Чешка

Објавено

на

foto:www.facebook.com/TalentPlzen

Никола Костески и неговиот Талент Плзен се на добар пат да обезбедат место во полуфиналето во плејофот во Чешка.

Плзен го доби и второто соочување со Фридек-Мистек, овојпат со 33:23 и со водство од 2-0 ќе го дочека третиот меч во оваа серија закажан за 29 март на теренот на противникот.

Домаќините уште во првиот дел се стекнаа со убедлива предност од шест разлика (18:12), па со оглед на разликата на квалитет во вторите 30 минути рутински ја завршија работата.

Македонското крило Костески го задржа просекот и на овој меч каде четири гола како и на вчерашниот меч. Лидер на листата на стрелци беше Блаха со седум реалиации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни