Поврзете се со нас

Свет

Костески и Кукуловски со „четворки“ во плејоф соочувањата во Чешка

Објавено

на

foto:www.facebook.com/TalentPlzen

Македонските интернационалци, Никола Костески и Дејан Кукуловски имаа добри настапи за Талент Плзен и Брно во четвртфиналето на плејофот во Чешка.

Талент Плзен иако имаше доста проблеми го одбрани домашниот терен и славеше над Фридек-Мистек со 35:32 во првиот натпревар од оваа пресметка. Гостите пружија силен отпор, но фаворитот сепак го имаше последниот збор и дојде до посакуваниот резултат.

Костески беше автор на 4 гола, а имаше и 3 украдени топки.

Брно пак на Кукуловски веќе губи со 2-0 во соочувањето со Карвина. Во вториот натпревар Карвина беше подобра со 25-22 и тоа благодарение на поквалитетната игра во вторите 30 минути.

Дејан беше еден од тројцата гостински играчи со по четири реализации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни