Поврзете се со нас

Англија

Кошмарно деби на „Стемфорд Бриџ“: Големото летно засилување на Челси ја завршува сезоната со само еден настап! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Ромео Лавија пристигна како супер засилување за Челси во летниот преоден рок, но после цели седум месеци минати во клубот, слободно може да се каже дека неговата прва сезона на „Стемфорд Бриџ“ ќе се памети како фудбалски кошмар.

Непосредно по трансферот вреден 60 милиони евра, поранешниот фудбалер на Саутемптон зарботи мускулна повреда, потоа следеше тешка повреда на зглобот, па дебито за првиот тим го дочека дури во месец декември.

Лавија одигра 30-тина минути како резерва против Кристал Палас, но на тој меч заработи нова тешка повреда, овојпат на бутниот мускул.

Проценките беа дека Ромео ќе се врати во месец април и дека ќе почне да тренира по крајот на мартовската репрезентативна пауза, но Челси денеска информираше дека играчот за врска направил чекор назад во рехабилитацијата и ќе биде во аут до крајот на сезоната.

Овие вести се навистина ужасни за Маурисио Покетино и сите фанови на Челси, додека оние на Ливерпул му фаќаат сеир на фудбалерот кој во последен момент реши да го одбие Јирген Клоп за преселба на „Стемфорд Бриџ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни