Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарските надежи ќе имаат контроли со Црна Гора

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години продолжува да се подготвува за настапот на Европското првенство-Дивизија „Б“ кое ќе се одржи во Скопје, а како дел од тие подготовки нашиот национален тим ќе има два контролни теста со Црна Гора.

На 21 и 22 јуни избраниците на Василев ќе се соочат со Црногорците во Подгорица.

-Со мојот црногорски колега, се договоривме двата натпревари да ги играме во попладневни термини, односно од 18.30 часот, со цел да се привикнеме на оние термини кои ги имаме на Европското првенство во Скопје. Домаќините ни излегоа во пресрет на овие барања, па двете проверки ќе ги играме во ова време, она во кое ќе ги играме нашите мечеви од Европското првенство

-Патуваме во Подгорица на двомеч со  репрезентацијата на Црна Гора. После десетдневните подготовки во Скопје ќе одиграме два натпревари со противник кој има одличен физикус и секогаш е во врвот. Ова ќе биде одличен тест, да видиме до каде сме со сработеното, и насока, како понатаму. Атмосферата и работната етика во тимот е одлична, имавме некои мали повреди кои полека ги санираме, -истакна селекторот Никола Василев.

Ова се 16 повикани играчи за овие контролки:

Амар Хот, Марин Петков, Андреј Митревски, Карло Блажевски, Филип Пандев, Виктор Стојковски, Димитар Иванов, Никола Василевски, Милош Јовановиќ, Андреј Шошкиќ, Петар Бошалески, Филип Наков, Никола Бојчев, Тома Стојаноски, Резарт Мемед, Теодор Симиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни