Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарите пристигнаа во Сарагоса, ќе одржат три тренинзи пред битката со Шпанија

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација конечно пристигна во Сарагоса каде на 1 јули (19:30 часот) ќе ги одмери силите со Шпанија во рамките на петтото квалификциско коло за пласман на Светското првенство во 2023 година.

„Црвено-жолтите“ од Скопје летнаа за Истанбул по што се упатија во Мадрид од каде по неколкучасовен автобуски превоз пристигнаа на крајната дестинација.

Според планот националниот тим ќе одржи три тренинзи во Арената „Павиљон Принц Фелипе“ и тоа денеска од 9.30 до 11. часот и потоа од 19.30 до 21.часот. Се очекува момците на Бајиќ да бидат активни и на денот на натпреварот, да одржат тренинг од 11 до 12.30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни