Поврзете се со нас

Англија

Конте за својата иднина во Тотенхем: Мислам дека го докажав тоа

Објавено

на

Стратегот на Тотенхем, Антонио Конте зборуваше за својата иднина и евентуалното останување во Северен Лондон по крајот на оваа сезона.

Познати се несогласувањата кои тренерот ги имаше со првиот човек на клубот, Даниел Леви околу поддршката на трансфер пазарот, но сега откако работите, како што се чини, се смирија, Конте е поблиску до останување на клупата на „петлите“.

Тотенехм е во трка за четвртата позиција која води директно во Лигата на шампионите, а на две кола до крајот на шампионатот има само еден бод негатива во однос на нивниот најголем ривал, Арсенал.

– 100% сум посветен на Тотенхем, можеби и повеќе. Целосно сум насочен кон овој клуб. Таков е мојот карактер, јас сум страсна личност. Мислам дека го покажав тоа за мојот период овде,- изјави Антонио Конте.

Италијанскиот стратег го врати тимот на „петлите“ кон остварување на целта која беше зададена на почетокот на сезоната, а пласман во Лигата на шампионите сигурно ќе значи дека тој ќе добие поддршка од Даниел Леви кога во прашање се засилувањата за следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни