Поврзете се со нас

Италија

Конте веќе почна да зборува и за отказ: Ако бидам сменет пред Божиќ…

Објавено

на

Антонио Конте заедно со Интер западнаа во големи проблеми уште на почетокот на сезоната. Клубот мака мачи на резултатски план, а по најновиот развој на ситуацијата и поразот од Реал Мадрид се чини дека натпреварувањето во Лигата на шампионите ќе го завршат во групната фаза.

Во моментов Интер е на последната позиција на табелата во Лигата на шампионите и само чудо може да го однесе тимот од Милано во нокаут фазата.

Веќе почнаа да се појавуваат шпекулации дека Антонио Конте ќе биде сменет од позицијата по лошиот старт на сезоната. Интер и во Серија А не прикажува блескави партии и во моментов се наоѓа на петтата позиција на табелата.

– Ако бидам сменет пред Божиќ, тоа ќе биде затоа што не сум ја заслужил довербата, а не затоа што некој од играчите ми работи зад грб. Тоа се чисти глупости. Има уште многу да се сработи и ќе видиме како се ќе изгледа до Божиќ, -изјави Антонио Конте на кого и дефинитивно му гори под нозете.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни