Поврзете се со нас

Конференциска лига

Конференциската лига: Ристовски повторно против Амановиќ, интересни групи за Миовски и помладиот Ристовски

Објавено

на

По ждрепката за групната фаза во Лигата на Европа во Монако беше извршено и извекувањето за главната рунда во третото по ранг европско натпреварување-Конференциската лига.

За нас секако најинтересни се тимовите каде настапуваат македонските репрезентативци, интернационалци, па така одново на мегдан ќе излезат Стефан Ристовски и Алекса Амановиќ. Тие со нивните Динамо Загреб и Астана веќе се сретнаа во квалификациите за Лигата на шампионите, а сега одново ќе играа во друго натпреварување.

Во оваа Ц група се уште чешки Плзен и косовски Балкани.

Интересна група доби Бојан Миовски со Абердин, поточно за ривали ќе ги има Ајнтрахт Франкфурт, ПАОК и Хелсинки на Дејан Илиев кој да не заборавиме е повреден и ќе го пропушти остатокот од оваа сезона.

Милан Ристовски со Спартак Трнава е во друштвото Х каде се уште Фенербахче, Лудогорец и Нордсјеланд.

Првото коло се игра на 21 септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни