Поврзете се со нас

Англија

Кол е загрижен за Челси: Тухел има многу проблеми…

Објавено

на

Челси иако го имаше статусот на фаворит истиот не го оправда и претрпе пораз од Саутемптон од 2-1 на пресметката од 5. рунда во Премиер лигата.

На „сините“ не им помогна ниту тоа што први го отворија резултатот преку Стерлинг, но до крајот на првиот дел домаќините се изборија за пресврт кој потоа се покажа како пресуден за освојување на трите бода на „Сент Мерис“.

Ова за Челси е втор пораз за кампањата, па Џо Кол смета дека тоа е загрижувачки пред се поради играта на составот од Лондон.

-Тухел има многу прашања на кои ќе треба да одговори на патувањето назад до Лондон. Беше многу лош настап на Челси под негово водство. Не можам да се сетам дека имаа шанса во второто полувреме. Ова е многу разочарувачка ноќ за Челси.

-Тие се соочуваат со Вест Хем овој викенд и мора да победат бидејќи не можете да изгубите три од првите шест натпревари и да размислувате за влез во Лигата на шампионите. Ова е тежок период за клубот. Тухел има проблеми, тој дефинитивно има проблеми, -порача Кол во својата анализа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни