Поврзете се со нас

Англија

Кол бараше одговори од судијата Тирни, па заработи жолт картон (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Сити ги освои трите бода на средбата против Евертон (1-0), но истата донесе една контроверзна ситуација за која има доста коментари.

Имено откако „граѓаните“ конечно го скршија отпорот на противникот со голот на Фоден, веќе во наредниот напад на домаќините дојде до неспретна реакција на Родри кој играше со рака по што реагираа сите играчи на Евертон и публиката на „Гудисон Парк“.

Сепак судијата Пол Тирни не се огласи, а ниту во ВАР собата не видоа ништо спорно, па играта продолжи и „граѓаните“ го освоија целиот плен.

Сосема очекувано домаќините беа бесни, па и по последниот судиски свиреж го изразија своето незадоволсто со тоа што во прв план беше Ешли Кол кој е дел од тимот на Френк Лампард. Кол бараше одговори од Тирни, судијата пак го испраќаше во соблекувалната за да на крајот му додели жолт картон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни