Поврзете се со нас

ВТА

Коби како инспирација за освојување на грен слем титули

Објавено

на

Наоми Осака успеа да слави на Ју-Ес Опен и тоа откако во финалето направи пресврт против Викторија Азаренка од Белорусија.

Осака победи со 1-6, 6-3, 6-3 со што ја продолжи перфектната серија на големите турнири, односно досега трипати играше во финалето на грен слем сцената и трипати успеа да го подигне трофејот. Оваа нова победа Јапонката ја прослави со дрес на Коби Брајант кој дефинитивно имал улога во нејзиниот живот, поточно неговите зборови биле инспирација, мотивација да биде тоа што е денеска- шампионка.

-Овој дрес го носам секој ден по секој меч и навистина мислам дека ми дава сила. Засекогаш во срце, -напиша Осака која претходно пак порача:

-Само сакам да бидам личност каква што Коби се надеваше дека ќе бидам. Сметаше дека ќе бидам голема шампионка и се надевам дека и во иднина ќе бидам таква, -истакна новата шампионка на Ју-Ес Опен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни