Поврзете се со нас

Англија

Клоп постави анти-рекорд на „Енфилд Роуд“, па ја објасни замената на нервозниот Салах

Објавено

на

Ливерпул влезе во застрашувачка криза во последно време, а она што неколку сезони претставуваше вистинска тврдина за актуелниот првак во Англија, сега се претвори во стадион на кој „црвените“ не можат да освојат ниту еден бод.

Јирген Клоп изминатава вечер постави и еден анти-рекорд кој ќе остане забележан во историјата на клубот, бидјеќи Ливерпул за првпат од своето постоење забележа пет последователни порази на домашен терен во домашното првенство. Дерби поразот од Челси со минимални 0:1 ја надополни серијата која ја започна Барнли, а која продолжи со порази од Брајтон, Манчестер Сити и Евертон.

Германецот како меанџер ја презема одговорноста за оваа ужасна серија на домашен терен, но како што можеше да се очекува, на новинарите најинтересно им беше прашањето за Мохамед Салах кој беше видно нервозен кога беше повлечен од игра во 62-та минута како прва измена.

– Среќен сум кога играчите се разочарани кога излегуваат од игра, но јас не ги гледам нивните реакции и не видов како реагираше Салах. Едноставно сакав свежи нозе на теренот. Мо изгледаше доста изморено, доста страдаше и му се насобраа минути.

– Можев да го извадам и Садио и Боби, но некако Салах најмногу имаше проблеми. Окслејд тренира фантастично и заслужува да добие шанса. Мо обично секогаш е свеж до самиот крај на мечот, но овојпат тоа не беше така, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни