Поврзете се со нас

Боречки спортови

Кличко со емотивно обраќање: Прекинете ја војната веднаш, утре ќе биде доцна (Видео)

Објавено

на

Владимир Кличко како прославен бокс шампион вчера и се придружи на армијата на Украина и зема пушка во раце за да ја брани својата татковина, но денеска му стана јасно дека тоа е сериозна и опасна мисија и излезе со итна порака до целиот свет.

Некогашниот светски шампион во тешка категорија имаше емотивно обраќање и побара војната во Киев и останатите градови во Украина да заврши веднаш, бидејќи веќе многу невините цивили го загубиле животот и утре може да биде доцна за смирување на тензијата и агресијата.

– Јас сум Владимир Кличко и му се обраќам на цел свет. Запрете ја оваа војна која ја започна Русија. Гинат цивили, погодени се од руските ракети.

– Сето ова се случува во срцето на Европа, нема веќе време за чекање, ќе дојде до хуманитарна катастрофа. Морате нешто да направите, и тоа веднаш.

– Да се сопре војната и руската агресија, веднаш, бидејќи за еден час или утре ќе биде предоцна. Ве молал вклучете се во акцијата, немојте да чекате, делувајте веднаш. Прекинете ја војната, – порача Кличко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни