Поврзете се со нас

Олимписки игри

Класа за себе: Скромниот Дончиќ ги коригираше новинарите по историската партија за паметење

Објавено

на

Словенија излезе како победник на квалификацискиот турнир во Каунас и за првпат во историјата си обебзеди виза за едни Олимписки игри, успех до кој дојде повеќе од заслужено откако го победи домаќинот Литванија со 96:85.

Кога најмногу требаше, Лука Дончиќ ја покажа својата светска класа и со испорачниот трипл-дабл го водеше својот тим до историски успех, бидејќи кошаркарската репрезентација на Словенија за првпат ќе биде дел од едни летни игри.

Ѕвездата на Далас го заврши мечот со 31 поен, 11 скокови и 13 асистенции, но покрај тоа што брилјираше на теренот, својата големина ја покажа и надвор од него, бидејќи ги коригираше новинарите кои цел успех за пласманот на Олимписките игри му го препишаа нему.

– Бев избран за МВП? Не ми е гајле за тоа, го освоивме турнирот, за првпат во историјата ќе играме на едни Олимписки игри. Тоа е неверојатен успех. Секое дете во Словенија сонува за учество на игрите, и јас бев едно од тие деца. Се боревме напорно и заслуживме Олимписка виза, – изјави Дончиќ кој по констатацијата дека испишува историја, возврати.

– Не пишувам јас историја, пишуваме сите ние, цел тим. Наша цел беше да учествуваме на олимпискиот турнир, од тука можеме само да одиме напред. Ние сме мала земја, но имаме огромен потенцијал, – додаде маестралниот Лука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни