Поврзете се со нас

Балкан

Ќиро објави фотографија со хрватска легенда: Лувр ми ја бараше сликата, но не ја давам…

Објавено

на

Мирослав Блажевиќ уште еднаш ги освои симпатиите на фудбалските фанови во регионот, објавувајќи фотографија со хрватска фудбалска легенда и интересен коментар за неа.

Популарниот Ќиро е одличен пријател со Роберт Просинечки, па решил да сподели на социјалните мрежи за една нивна кафе средба, која прераснала во традиција за двете големи фудбалски имиња.

– Ме прашуваа од Лувр дали можам да им ја отстапам сликата, но им реков дека не ја давам.

– Ќе ја закачам таму каде што ќе ја видат најмногу навивачи – на мојот Фејсбук профил.

– Роби и јас ве поздравуваме од нашето редовно кафе и ви благодариме што сте со нас во толку голем број, – напишал Блажевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни