Поврзете се со нас

Италија

Ќерката на Михајловиќ објави последна слика од болница и срцепарателна порака за својот татко (Фото)

Објавено

на

Прераната смрт на Синиша Михајловиќ ја зави во црно цела спортска фудбалска јавност, што секако го расипа и славеничкото славје меѓу фановите пред последните возбудувања кои се закажани на мундијалот во Катар.

Легендарниот Миха после долга борба ја загуби битката со тешката болест и почина на 53-годишна возраст, оставајќи зад себе големо наследство во Србија и Италија, но и едно неверојатно семејство кое беше блиску до него до последните моменти.

Голем број познати фудбалски имиња, поранешни и актуелни фудбалери, тренери, фудбалски работници и фанови испраќаат емотивни пораки за големата загуба, но една од неговите ќерки посебно ја трогна јавноста со објавата која ја имаше на Инстаграм.

Викторија со низа фотографии ја сумираше фудбалска кариера на Миха, но за крај објави една од последните слики, прикажувајќи како го држи својот татко за рака додека тој бил во болничкиот кревет.

– Се симнав надоле, ти ја подадов раката, отидов барем милиони скали надоле и сега кога не си тука, празнината е присутна на секој чекор. Сепак, нашето долго патување траеше прекратко. Моето се уште трае и повеќе не ми требаат случајности, резерви, замки и презир на оние кои веруваат дека реалноста е само она што го гледате.

– Се симнав по милиони скали, ти ја подадов раката, бидејќи само со четири очи можеш да видиш повеќе. Со тебе се спуштив по нив, бидејќи знаев дека твоите зеници се оние вистинските, иако веќе се замаглени. Те сакам со сето мое срце татко, ти имаше чиста душа, што е вистинска реткост. Ти си гордост на мојот живот, мојот херој, мојата ГОЛЕМА љубов, – гласи пораката на Викторија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни