Поврзете се со нас

АТП

Кирјос го прекина мечот, па со два страшни форхенди го преплаши Циципас: На Надал не му го судите ова (Видео)

Објавено

на

Ник Кирјос ја доби пресметката со Стефанос Циципас и направи пресврт по негативата од 1:0 во сетови, но пласманот во четвртфиналето на турнирот во Хале не мина и без стандарден циркус од негова страна.

Австралиецот доби опомена од главниот судија поради тоа што се бришеше со пешкир и го одолговлекуваше сервисот на Циципас, по што Кирјос реши да ја прекине играта и бараше разговор со супервизорот на мечот.

– За што опомена? Не можам да одам по својот пешкир. Ова ми го правите секој меч, колку пати сум го чекал Надал, а него не му судите ништо.

– Статистички сум најбрз играч на турот, жал ми е што отидов по пешкир, рацете ми беа мокри, – иронично викаше Кирјос.

Покрај прекинот и победата која ја оствари, овој меч со Циципас ќе се памети и по двата страшни форхенди кои ги изведе, а по вториот Гркот дури и се исплаши од силината на ударот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни