Поврзете се со нас

Англија

Кин распали по „златната ракавица“ Де Хеа: Вистинско лудило е што добива поддршка од соиграчите

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Давид Де Хеа 17 пати ја сочува својата мрежа оваа сезона и вчера ја доби „Златната ракавица“ на „Олд Трафорд“ од својот менаџер Ерик Тен Хаг, признание кое му се доделува на најдобриот голман во лигата на крајот на секоја сезона.

Искусниот шпански голман остава зад себе уште една сезона во која имаше доста важна улога во првиот тим на Јунајтед, па иако клубот води преговори за нов договор, Рој Кин не е убеден дека тој треба да остане на театарот на соништата.

Легендарниот капитен на Јунајтед подолго време не е голем фан на Де Хеа и јавно го критикуваше повеќепати, а продолжи така и во ситуација кога Давид беше избран за најдобар голман во Премиер лигата.

– Манчестер Јунајтед мора да купи напаѓач од светска класа, но мора да се подобри и во одбраната. Сите играчи на Јунајтед му даваат ветер во грб на Де Хеа, а јас веднаш би го отстранил. За мене, тој не треба да биде прв голман, не гледам како Јунајтед со него освојува големи трофеи.

– Вистинско лудило е што соиграчите го тапкаат по рамо и му даваат поддршка. Негова работа е да брани, а бидејќи не сака да биде втор голман, јас не би го оставил во тимот. Тој освои неколку награди за најдобар играч на сезоната во Јунајтед, но сметам дека направи премногу грешки изминативе години, а исто така сакаше да си оди од клубот и да замине во Реал Мадрид, – потсетува Рој Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни