Поврзете се со нас

Европски првенства

Киеза го опиша погодокот со кој испиша историја: Ја избрав втората опција (Видео)

Објавено

на

Федерико Киеза беше „џокерот“ на селекторот Манчини и постигна одлучувачки гол со кој ја „отвори“ Австрија во 95-та минута, но покрај тоа што ја најави победата на „аѕурите“, младата ѕвезда на Јувентус испиша и историја на Европските првенства.

25 години по погодокот на легендарниот Енрико Киеза, Федерико постигна погодок и се погрижи за првпат да видиме како татко и син постигнуваат голови на еден континентален собир на стариот континент, а леснотијата и мирот кој го покажа при реализирање на акцијата само ни потврди дека фудбалерот на Јувентус заслужува и стартна позиција од Манчини.

Киеза не избрза и го насамари противничкиот дефанзивец со лажно движење, а потоа фантастично биеше со послабата лева нога и го најави триумфот на Италијанците кои се пласираа во четвртфиналето.

– Заслуживме да постигнеме гол и да се пласираме во четвртфиналето. Селекторот бара од сите играчи да бидеме подготвени, тој постојано ни вели дека има 26 стартери и дека сите се тука за да му помогнат на тимот.

– Останав мирен, во вакви ситуации, играчите обично сакаат веднаш да бијат на гол и да шутнат на прва. Наместо тоа, ја избрав втората опција, решив да останам мирен, да ја примам топката и да си земам време пред да шутнам на гол. Австрија беше навистина добра, има одлични играчи и се изборија за поседот, но на крајот, мислам дека заслужено сме во следната фаза, – изјави Киеза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни