Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Касано: Леао не е Кака или Роналдињо, Интер ќе го елиминира Милан и со Примавера тимот!

Објавено

на

Вторите полуфинални дуели во Лигата на шампионите се со изменет распоред и Интер и Милан се тие што ќе ја отворат програмата оваа недела, натпревар на кој тимот на Симоне Инѕаги влегува со предност од 2:0.

Интер важи за голем фаворит да патува во големото финале во Истанбул после она што го прикажа на воведниот меч, но Милан сега ќе има ресурс плус во нападот, бидејќи во тимот ќе биде и Рафаел Леао.

Враќањето на Португалецот буди надежи кај фановите на Милан дека може да се дојде до пресврт, но во такво нешто не верува Антонио Касано кој во минатото ги бранеше боите на двата милански клуба.

– Интер треба да одигра како седумгодишен тим за да загуби од Милан и да биде елиминиран. Треба да одигра со Примавера тимот за да се случи такво нешто. Всушност, дури и да игра со Примавера тимот, Милан нема да успее.

– Овој Милан е инфериорен во однос на Интер. Со Леао, или без него, Интер е подобар од Милан. Португалецот не е Кака или Роналдињо, не гледам како би направил голема разлика. Треба да се случи вистинска катастрофа за да не го видиме Интер во финалето, – изјави Касано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни