Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Карагер го има идеалниот противник на Ливерпул во нокаут фазата на ЛШ

Објавено

на

На Ливерпул не му оди во Премиер лигата во оваа сезона, но во Лигата на шампионите засега се е во ред и тимот дојде до првата цел, пласман во осминафиналето.

„Црвените“ имаа подеднаков број на поени со Наполи во групата А, но поради подобриот меѓусебен дуел калчолигашот заврши како прв, односно „црвените“ се втори што значи дека во понеделничката ждрепка за ривал ќе добијат една од следниве екипи: Порто, Баерн Минхен, Реал Мадрид или Бенфика.

Џејми Карагер како поранешен играч на Ливерпул го избра тимот кој според него ќе биде идеален ривал во оваа фаза-тоа е португалскиот првак Порто.

-Сакам Ливерпул да игра со Порто. Имаме играно со нив неколку пати во минатото и мислам дека психолошки секогаш се чини дека имаме психолошка предност против нив. Мислам дека Ливерпул ќе биде тежок противник за секого по Божиќ. Тие не се на трката во моментов, но мислам дека ќе го видиме Ливерпул на највисоко ниво, -порача Џејми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни