Свет
Капитенот на Абердин со низа пофалби за голгетерскиот инстинкт на Миовски

Абердин се пласираше во големото финале на шкотскиот лига Куп откако оствари херојска победа на „Хампден парк“, во која главен јунак беше македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Донси останаа со играч помалку на теренот на 15 минути пред крајот, но набрзо после тоа Миовски се покажа како човек на одлука, откако претрча 80 метри пред мирно да ја спроведе топката во мрежата на Хибернијан.
Голот на Бојан се покажа како злато вреден за Абердин, а капитенот на овој тим не штедеше комплименти за македонскиот голгетер кој игра неверојатно добро откако пристигна како засилување во 2022-ра година.
– Ова беше тежок натпревар за сите нас, особено откако останавме со 10 играчи на теренот. Покажавме неверојатен карактер и честитки до момците што издржаа. Знаевме дека ќе дочекаме една шанса, а сите се надевавме дека таа шанса ќе заврши во нозете на Миовски. Ако биравме еден кој треба да ја завршува акцијата, тоа е Бојан.
– Тој постигнува голови откако сум тука, цела година го прави истото. Тој е топ играч и игра во топ форма откако е тука. Пресреќен сум за сите, се браневме како тим, а потоа ја искористивме шансата која ја добивме, – изјави Грем Шини.
-
Македонијапред 20 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 19 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 11 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 22 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Влаховиќ за својата одлука: Го направив она што најмногу го посакував