Поврзете се со нас

Македонија

Капитенот Адем донесе победа за „лавовите“ во дерби пресметката против „пандевци“

Објавено

на

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров издвојуваа победа над Академија Пандев од 1-0 во дерби пресметката од 30. коло во првата лига.

Домашниот тим беше многу подобар ривал на мечот во западната скопска населба, но иако имаше повеќе од играта, шансите дури во самиот финиш дојде до посакуваниот резултат. Имено во првиот дел Емини не реализираше удар од 11 метри за да потоа во повеќе наврати голманот Јовановски фантастично интервенира и спречи радост на „лавовите“.

Сепак во 85 минута Матеус Лемос се избори за втор пенал, одговорноста ја презема капитенот Адем кој биеше прецизно за три бода за скопскиот прволигаш.

Сега тимот од Ѓорче Петров има два бода помалку од пандевци и три од Шкендија на три кола до крајот што значи не очекуваат супер неизвесни три кола во борбата за обезбедување европска сцена.

Останатити резултати:

Борец-Скопје 1-0

Пелистер-Тиквеш 1-1

Ренова-Струга 1-1

Вчера:

Шкендија-Работнички 1-0

Брегалница-Шкупи 4-1

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни