Поврзете се со нас

Италија

Капело го посочи најголемиот проблем на Јувентус: Алегри правеше чуда, потребни им се четири топ засилувања

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Juventus

Јувентус во период од 30-тина дена отпадна од трката за Скудетото и забележа страшен пад во формата, а доказ за тоа се седумте освоени бода на последните осум меча во Серија А.

Во овој краток временски интервал, Интер сериозно побегна како првопласиран и е на добар пат да стане шампион, додека Јувентус веќе не го држи ниту второто место по последните резултати и истото му припаѓа на Милан.

Фабио Капело смета дека очекувал ваков пад на „старата дама“, особено поради фактот што тимот на Јувентус ни одблиску не може да се споредува со оној на Интер.

– Прво и основно, ќе кажам дека Алегри правеше чуда до дербито со Интер. Правеше Јуве да биде блисику до Интер, а двата тима не може да се споредуваат по квалитетот кој го поседуваат. Дури и Милан има подобар и покомпетитивен тим од Јувентус. Мечот со Интер им покажа на играчите на Јувентус која е разликата меѓу двата тима и тоа влијаеше врз нив. Адреналинот и концентрацијата паднаа и тоа е евидентно.

– Проблемот е во тоа што Јувентус нема доволно играчи кои прават разлика. Се чувствува пад во играта кога Рабио не е доволно фит. Во Интер разлика прават неколку играчи, кај Милан тоа се Леао и Тео по левата страна.

– Сметам дека на Јувентус му недостасуваат четири топ играчи. Треба да донесат топ класа фудбалери, но мора да има договор за нив меѓу клубот и тренерот. Тренерот мора да има значајно влијание кога се вршат трансферите, – заклучува Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни