Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кантегрел блескаше на голот, „црната дупка“ во второто полувреме пресудна за нов пораз на Вардар

Објавено

на

Робин Кантегрел блескаше на голот на Вардар оваа вечер, но тоа не се покажа како доволно за да се освои барем бод во Сегедин, иако македонскиот првак успеа да се врати од работ на бездната во второто полувреме.

По несреќниот пораз на домашен терен и испуштената позитива, Вардар може да жали бидејќи одново беше подобар од Пик Сегед во првото полувреме, но катастрофалниот влез во второто во офанзивен поглед ја направи клучната разлика и пресуди за новиот пораз.

Од 17:19 на паузата, домашниот тим направи страшна серија и поведе со 27:21, па без оглед на тоа што Кантегрел блескаше во второто полувреме во кое собра дури 13 одбрани (само две во првото), вардарци не успеаја да стигнат до поволен резултат. Одбраните на чуварот на мрежата го оставија Вардар во игра и му овозможија тесна завршница, но Пик Сегед сепак беше за нијанса подобар и победи со 34:33.

Наспроти доброто издание на Кантегрел, ужасните 15 минути во првиот дел од второто полувреме во кое Вардар постигна само два гола се покажа како преголема дупка за пополнување, а и пресудни за вториот пораз во четири дена со унгарскиот тим.

Иван Чупиќ со дури девет гола беше најдобар голгетер кај нашиот претставник, одличен беше и Стоилов со шест реализации, додека по пет пати погодија Јотиќ и Дибиров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни