Германија
Кан: Сите го сакаме Роналдо, но…
Кристијано Роналдо веќе неколку денови и официјално е слободен играч откако ја прекина соработката со премиерлигашот Манчестер Јунајтед, па сите фудбаски фанови со нетрпение очекуваат да видат која ќе биде неговата следна дестинација.
Се споменуваат разни опции, се говори за луда понуда од Саудиска Арабија, меѓутоа засега нема ништо поконретно затоа што напаѓачот сака да се фокусира на настапот со Португалија на Светското првенство.
Една работа е сигурна, тој нема да заврши во Баерн Минхен и тоа го потврди извршниот директор Оливер Кан.
-Можам да кажам дека нема ништо од доаѓањето на Роналдо. Сме разговарале и претходно, сите го сакаме Роналдо, но нашата стратегија е поинаква. Имаме јасна идеја за тоа што сакаме, јасна филозофија како треба да го составиме нашиот играчки кадар, -порача Кан.
„Баварците“ имаат потреба од класичен напаѓач, долго време се споменува името на Хари Кејн, тука се е Роналдо, но овие денови како опција на маса е и Никлас Филкруг од Вердер Бремен.
-
Светпред 21 час
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 22 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Италијапред 13 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Англијапред 16 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Челси и Бенфика конечно се договорија: Енцо Фернандез за рекордна сума се сели на „Стемфорд Бриџ“