Поврзете се со нас

Германија

Кан: Само еден тим е подобар од Баерн во ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/OliverKahn

Оливер Кан заработи отказ на крајот од минатата сезона и си замина од Баерн Минхен, но за вечерва предвидено е да биде во вип ложата и да биде специјален гостин на реванш четвртфиналето против Арсенал.

Во најавата за вечерашната пресметка, токму Кан дал изјава за „Билд“ околу шансите кои ги има Баерн во Лигата на шампионите, натпреварување во кое легендарниот голман гледа само еден подобар тим од оној на Томас Тухел.

– Томас Тухел се мачи во Баерн, тренерот кој ги водеше големите ѕвезди во ПСЖ и кој стигна до големото финале во Лигата на шампионите. Исто така тој ја освои титулата во ЛШ со Челси.

– Причина за проблемите беше и Баер Леверкузен, тоа беше единствениот начин да се сопре Баерн во Германија. Требаше некој да одигра сезона на векот и мислам дека Леверкузен го направи токму тоа.

– Во Европа работата е поинаква, во моментов постои само еден подобар тим од Баерн кога се играчите во прашање, а тоа е Манчестер Сити, – вели Кан во интервјуто за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни