Поврзете се со нас

Свет

Кампацо се збогуваше со Звезда: Никогаш нема да го заборавам неверојатното чувство… (ФОТО)

Објавено

на

Факундо Кампацо нема повеќе да го носи дресот на Црвена Звезда, тим за кој настапуваше во добар дел од минатата сезона.

Аргентинецот имаше квалитетни изданија во дресот на „црвено-белите“, меѓутоа ако се погледне резултатот на екипата истиот не е задоволувачки со оглед на тоа што беше изгубен пехарот во АБА регионалната лига, а не беше изборен пласман и во плејофот во Евролигата.

Сепак Кампацо вечно ќе го памети својот престој во Белград во екипата на Звезда и најдобар доказ за тоа е пораката со која го затвори ова поглавје во кариерата.

-Никогаш нема да го заборавам неверојатното чувство да играм со толку многу страстни луѓе кои се на ваша страна. Ти благодарам Звездо за сите овие заеднички моменти. До раководството, сите членови на стручниот штаб, сите соиграчи и неверојатните навивачи. Заминувам полн со љубов, -порача Кампацо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Facu Campazzo (@facucampazzo)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни