Поврзете се со нас

АТП

Калин во акција со најдобриот светски тенисер: Ивановски тренираше заедно со Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Објавено

на

Најквалитетниот македонски тенисер, Калин Ивановски оствари средба и тренинг со еден од најголемите имиња во историјата на овој спорт, Новак Ѓоковиќ.

Ивановски е во Белград и токму тука доби можност да тренира, размени удари со најдобриот светски рекет Ѓоковиќ кој се подготвува за завршните предизвици во оваа календарска година.

Новак важи за идол на нашиот ас и еден ваков тренинг сигурно многу му значи и го мотивира да биде уште подобар.

19-годишниот Ивановски е на 308 место на АТП листата, неговиот последен настап беше на Челинџер турнирот во Хамбург каде беше надигран од Холанѓанецот, Селс со 6-2 и 6-4.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни