Поврзете се со нас

Шпанија

Кадиз со урнебесно видео ја најави пресметката со Барселона: Ако овој камион може да помине…(ВИДЕО)

Објавено

на

Кадиз има катастрофален старт на сезоната во Примера и по четири одиграни кола е на последното место на табелата со гол разлика 0-10.

Утре овој клуб ја дочекува Барселона која пак по почетното реми против Рајо Валјекано „лета“ на натпреварите, дава многу погодоци и го решава убедливо противниците. Поради ова Кадиз е апсолутен аутсајдер на стадионот „Нуево Мирандилја“, но во исто време не треба да се заборави дека оваа екипа нема ниту еден пораз на последните четири дуели против каталонците каде запиша и две победи.

Дали и овојпат ќе направи некое чудо останува да видиме со тоа што во меѓувреме стигна урнебесна најава за натпреварот преку социјалните мрежи.

-Ако овој камион може да мине овде, зошто тогаш Кадиз да не може да ја победи Барселона, -се вели во официјалниот твит на Кадиз на профилот од Индија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни