Поврзете се со нас

Шпанија

Кадиз детално образложи како се одвивала драмата на трибините и како фанот бил вратен во живот (Фото)

Објавено

на

Кадиз претрпе убедлив пораз од Барселона со 0:4 и продолжи да реди порази во Ла Лига, но резултатот од овој натпревар се најде во втор план поради прекинот кој се случи во самата завршница.

Судијата Дел Серо ја прекина играта во 81-та минута откако ги слушна алармите од трибината, каде навивачите сигнализираа дека еден фан има потешки здравствени проблеми.

Поради срцев застој на повозрасен симпатизер на Кадиз, натпреварот беше во прекин околу еден час, а клубот кој беше домаќин и организатор на мечот сега објасни што точно се случило.

– Кога навршуваше 81-та минута од натпреварот против Барселона, како последица на санитарен сигнал од трибините, мечот мораше да биде прекинат. Членовите на Црвениот Крст веднаш стапија во акција и асистираа на лице место по очигледен срцев застој. Медицински тим со дефибрилатор веднаш дојде на лице место и имаше свој монитор и во тој момент стартуваше реанимацијата. Во исто време, Барселона го понуди својот дефибрилатор и истиот го доведоа играчите.

– Реанимацијата беше позитивна после неколку минути и фанот е испратен на Интензивна нега каде и натаму останува згрижен. Покрај ова, во тие моменти му се слоши и на еден од операторите за камера. Тој загуби свест, но брзо беше прегледан и оспособен од медицинскиот тим. Нашиот клуб сака да им се заблагодари на сите фанови кои постапија коректно, како и на сите медицински членови и претставници на Црвениот Крст за брзата реакција која направи да имаме добар крај, – се вели во соопштението на Кадиз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни